Tuesday, October 29, 2019

Programming is Fun! Learn It! CODE THE FUTURE !


  • Придружете се во светската кампања за одбележување на Неделата на информатиката (Computer Science Education Week) од 9-15 Декември, 2019 година со реализирање на работилници - Hour of Code, час на кодот- активности поврзани со концептите на кодирање и програмирање со цел промовирање на програмирањето и информатичката технологија.
  • Наменета е за ученици, студенти, наставници (возраст од 4-104 години)
  • Организирана од страна на code.org  

Активности за одбележување на Неделата на и информатиката во НАШЕТО УЧИЛИШТЕ од 9 до 15 Декември, 2019 


Programming is Fun! Learn IT! 

Code the Future



Што е час на кодот?

Еден час од активности за запознавање на учениците со основите на програмирањето, како и да се поттикне интересот кај учениците кои имаат одредено ниво на знаење, а воедно се развиваат и логичкото размислување и креативноста кај учениците.


Споделени се ресурси за наставниците за спроведување на активности прилагодени за сите возрасти, на следната страна: http://code.org/learn

More Hour of Code events than ever are being organized for CS EdWeek, the first week of December. Join the Hour of Code movement at https://hourofcode.com/



Tuesday, October 1, 2019

Europe code week 2019

Европската недела на програмирањето се одбележува во нашето училиште веќе 6-та година, оваа година се реализира проектот „Програмирај ја својата идеја“ (Program your idea!), од 5 до 20 октомври, со следните активнoсти:

Работилница1: Преку програмирање на едукативен робот/контролна кутија учениците се запознаваат со основите на програмирањето , а воедно и го развивааат логичкото размислување и креативноста.
Работилница 2: Роботска рака (изработка на роботска рака од рециклирани материјали со цел зголемување на свеста за рециклирање)
Работилница 3: Креирање проекти-игри во Скреч
Работилница 4: Цртање со пиксели со програма Open Office Calc
Работилница 5: Научи да кодираш: Цртање со пиксели
Работилница 6: Учиме француски јазик преку кодирање
Презентација (во соработка со 
компанијата Interworks):  Презентација од искусни програмери од компанијата Interworks, наменета за ученици од 7 до 9 одделение, со цел запознавање со основите на програмирањето и поттикнување на интересот кај учениците за избор како идна професија (ке се реализира во централното училиште на 15.10.2019 година во 11 часот, во кабинетот то техничко образование)