Tuesday, October 1, 2019

Europe code week 2019

Европската недела на програмирањето се одбележува во нашето училиште веќе 6-та година, оваа година се реализира проектот „Програмирај ја својата идеја“ (Program your idea!), од 5 до 20 октомври, со следните активнoсти:

Работилница1: Преку програмирање на едукативен робот/контролна кутија учениците се запознаваат со основите на програмирањето , а воедно и го развивааат логичкото размислување и креативноста.
Работилница 2: Роботска рака (изработка на роботска рака од рециклирани материјали со цел зголемување на свеста за рециклирање)
Работилница 3: Креирање проекти-игри во Скреч
Работилница 4: Цртање со пиксели со програма Open Office Calc
Работилница 5: Научи да кодираш: Цртање со пиксели
Работилница 6: Учиме француски јазик преку кодирање
Презентација (во соработка со 
компанијата Interworks):  Презентација од искусни програмери од компанијата Interworks, наменета за ученици од 7 до 9 одделение, со цел запознавање со основите на програмирањето и поттикнување на интересот кај учениците за избор како идна професија (ке се реализира во централното училиште на 15.10.2019 година во 11 часот, во кабинетот то техничко образование) 

No comments:

Post a Comment